Како треба да мириса вагината ? Ова прашање си го поставуваат многу жени, а и мажи. Повеќето жени се загрижени од лошата миризба на вагината и по тој повод употребуваат какви ли не ароматизараички производи кои се бескрајно штетни за интимно здравје.
11f00539b2f624a7f76eed50fa162372

Одговорот на прашањето како треба да мириса една здрава вагина не е воопшто едноставен. Тоа е затоа што секоја вагина е индивидуална , како флората во неа. Мирисот зависи од бројни фактори.

А сепак, според д-р Хедер Руп, која објавила мислење по прашањето во WebMD, вагината треба да има благо киселкаста миризба , која е дозволено да се чувствува од 1 метар далечина. Многу жени би се шокирале од овој факт. Не грижете се, дами, станува збор за мирис без присуство на облека.

Мирисот на вагината зависи и од алкално-киселинскиот баланс во неа, кој треба да е близокдо неутралната точка на pH 4,5 со блага наклонетост кон киселкаста флора. Покрај тоа кон мирисот на вагината се додаваат и мирисите на потните жлезди лоцирани околу гениталните набори. Тие додаваат благ мирис на мувла и застојаност.c19d06d76dd0351982cbf527fcf0690b

Но, не грижете се – ниеден од овие мириси не се смета за патоген, под услов да не е премногу прогонувачки!

На мирисот на вагината може да се влијае и храната која сте проголтала. На пример мирисот на лук во здивот по конзумирање на лук не важи само за уста, но и за вагината. Лутата храна исто така се одразува врз мирисот на вагината.

Ако сепак интимниот мирис станува премногу прогонувачки и наликува на расипана риба, тоа може да е знак за бактериска вагиноза или габична инфекција.

Посетете доктор доколку забележите сличен мирис. Овој мирис исто така може да сугерира дека е време да ја смените влошката што е можно поскоро.

Значи, смирете се, дами! Вагината не може и не треба да мириса на рози! Ако се грижите од интимните партнери, објаснете им како стојат работите!

Слични содржини