Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја бранеше одлуката на Британија да не учествува во задолжителниот систем на квоти за прераспределба на бегалците во Европската унија, што денеска во Брисел ги престави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Britain's Prime Minister David Cameron leaves 10 Downing Street as he names his new cabinet, in central London, Britain May 11, 2015.  REUTERS/Stefan Wermuth/Files
– Доколку сето внимание е на квотите за прераспределба на бегалци во Европа, тоа нема да го реши проблемот и им испраќа порака на луѓето дека е паметна идеја да влезат во чамец и да тргнат на опасно патување. Европа мора дојде до свои одговори, за оние држави кои се дел од Шенген-зоната. Британија, која има свои граници, има можност да носи суверени одлуки – рече Камерон пред пратениците во парламентот.
Британија е изземена од политиката за азил и за миграција на ЕУ и Камерон веќе јасно стави до знаење дека неговата држава нема да биде вклучена во каков било систем на квоти.
Британскиот премиер во понеделникот најави дека Британија ќе прими 20.000 бегалци во следните пет години од бегалските кампови во близина на Сирија./ МЕТА

Слични содржини