Германската полиција почна да го расветлува случајот со масовните напади на жени, за време на новогодишната ноќ. Како што и претходно предвидуваа надлежните, по изјавите на нападнатите жртви, се работи за лица од арапско или северноафриканско потекло.
По обелоденувањето на овие информации, се јавиле десноориентираните организации, кои вината ја насочиле во германската Влада, а главниот виновник според нив е Меркел која им ги отвори портите на бегалците.
Според информациите на надлежните, досега ниту едно лице не е уапсено, а повеќе информации засега остануваат тајна.
Синоќа пред Катедралата во Келн се собраа околу 150 луѓе кои протестираа против насилството врз жени. Меѓу присутните се гледал и транспарент со содржина :”Госпоѓо Меркел каде сте? Што ќе кажете? Ова нас нè плаши”.
Протестот е организиран после масовните напади врз жени, случајни минувачи во три града во Германија, кои настрадале, биле ограбени малтретирани, а имало и една пријава за силување од страна на непознати луѓе на улиците. Се проценува дека напаѓачи биле околу 1000 луѓе, поделени и организирани во неколку групи.