Ќерката на Робин Вилијамс се бори со психичките болести

од Vladimir Zorba

Зелда Вилијамс – ќерката на покојниот комичар Робин Вилијамс, се дефинира себеси како бранител на менталното здравје.

По самоубиството на неговиот татко во август 2014 година, 27-годишната Зелда, која е авторка, режисер и актерка си зема кратка пауза од социјалните медиуми. Но, потоа влегува во центарот на вниманието со цел да се подигне свеста за менталното здравје.

Смртта на нејзиниот татко ги остави неговите обожаватели тажни и збунети, вклучувајќи ја и самата Зелда, која во својата мака напиша на социјалните мрежи: “Иако јас никогаш нема да дознаам како е можно тој да беше сакан толку силно и да не успеа да најде во срцето причина да остане, сепак има незначителна удобност во тоа да знам дека нашата тага и загуба се дели од страна на милиони “.

Робин се бореше со депресија, анксиозност и алкохолизам – состојби кои се добро документирани во текот на целиот живот. И додека Зелда не зборува за односот на нејзиното семејство со психичките заболувања, таа признава дека луѓето кои страдаат од слични нарушувања, често се кријат од погледите на околината.

“Само затоа што не можам да видиме нешто, не значи дека тоа не уништува нечиј живот” сподели Зелда пред WomensHealthMag, говорејќи за иницијативата, која работи за подигнување на свеста во врска со менталното здравје.

Нејзината мисија е да им помогне на луѓето да разберат што значи да имаш ментална болест. “Има разбирање дека секој води поинаква битка и друг не може да се бори наместо него, но можеме да се обидеме да разбереме”, додава таа и продолжува: “Дел од првиот чекор, дури и пред донесувањето, а само за разбирање, е всушност да слушаме и да учиме “.

“Јас сум голем поддржувач на терапијата, особено за луѓето во мојата возрасна група – 25 – 30 години, кога многумина мислат дека сме го подредиле животот”, појаснува Зелда. “Но терапијата сè уште е привилегија, бидејќи е скапа за многу луѓе, и мојата желба е таа да биде достапна.”

Слични содржини