Кој колку може!?- Папата Франциск во САД по помош за мигрантите, Патријархот Вартоломеј веќе помага по грчките острови…

од desk3
106 прегледи

Папата Франциск се покажа како водечка фигура во светската политика. Тој и уште 170 светски лидери од целиот свет ќе се соберат на средба во Њујорк на 24 септември поради војната во Сирија и други земји од Блискиот Исток.

Patriarch-blesses-Pope-620x350

Тоа го пренесоа светските агенции.Посетата на папата Франциск во САД започнува со конференција во ОН, каде што тој пред пленарната собрание и пред државните лидери на 90% од светот, ќе понуди конкретни чекори за решавање на проблемите настанати како последица на воените дејствија во земјите од Блискиот исток и последиците од експанзијата на “Исламска држава”. Според градоначалникот на Њујорк Де Блазио, посетата на папата во градот ќе биде најзначајниот настан во неговата историја. По повод неговата посета и придружните 170 светски лидери, над 50 владини и невладини безбедносни агенции ќе се грижат за безбедноста, имајќи ја предвид опасноста од терористички акт.

Пред околу една недела папата Франциск им нареди сите католички храмови, манастири, епархии и парохии во Европа да ги отворат вратите за бегалците и да се грижат за нив, да им обезбедат храна, засолниште, лекови, облека и медицинска нега. Оние кои се спротивставија на тоа , сепак беа обврзани да ја исполнат наредбата бидејчи им се зајануваше отстранување од црковните службени позиции. Папата ги повика исто така протестантите и православните христијани да го следат неговиот пример.

По Њујорк тој ќе го посети Вашингтон, каде што ќе разговара за најитните проблеми во светот со претседателот на САД Барак Обама. Ден подоцна ќе го посети и првиот главен град на земјата – Филаделфија.

Додека папата Фарнциск бара решение на бегалската криза, другиот најголем светски лидер на христијаните – Вселенскиот патријарх Вартоломеј исто го “прегрна” проблемот. Во моментов тој е на турнеја по грчките острови кои се наоѓаат во близина на малоазискиот брег, каде раздава облека и храна на бегалците. Вартоломеј посетува како бегалските кампови, така и сите болници во кои се прегледуваат имигрантите кои влегуваат во ЕУ .

Слични содржини