Колумбискиот претседател го продолжи рокот на примирјето со ФАРК до 31 октомври

од Vladimir Zorba

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос вчера изјави дека примирјето со бунтовничката група ФАРК ќе биде продолжено до 31 октомври.

timthumb-1

– Се надевам дека дотогаш ќе можеме да го финализираме договорот и да ставиме крај на конфликтот, истакна Сантос.

Во август колумбиската Влада се договори за прекин на борбите со ФАРК, а примирјето требаше да продолжи додека се одржи референдум за одобрување на мировниот договор. На референдумот во неделата Колумбијците изненадувачки гласаа против предложениот договор, со што иднината на примирјето беше неизвесна.

Претседателот денеска се сретна со лидери на кампањата против мировниот договор, обидувајќи се да го спаси договореното преку национален дијалог, соопшти Владата во Богота.

Слични содржини