Почитувани читатели, на повеќето од вас им е јасно, меѓутоа овој коментар е наменет за тие кои се уште имаат дилема дека во Бутел се случува вистински револт на ДУИ против Крстот! Мислете малку! ДУИ не ги поддржуваше протестите за „Монструм“, случај во кој 6 Албанци беа осудени на доживотен затвор а во исто време сите Албанци во Македонија беа етикетирани како терористи. Не поставија шатори за затварање на Југохром, не протестираа ни за задржувањето во затвор на невини Албанци од Сопот со декади.

lajm-670x248

Несомнено е дека начинот со кој се одобри одлуката за градење на овој крст е провокација. Меѓутоа на Албанците во Македонија им се случиле многу полоши работи од крстот последниве години додека се на власт протестантите на Бутел, затоа треба да се биде многу наивен за да се верува дека нивните намери се искрени.

Крстот во Бутел е подарок на ВМРО-ДПМНЕ за ДУИ, за да ја претстават пред Албанците како наводно партија која се грижи за религиозните чувства на Албанците. Добро информирани партиски извори велат дека ова сценарио ќе трае една недела. После една недела судот ќе ја прогласи како незаконска одлуката за градењето на крстот…

Во меѓувреме се очекува средба на Ахмети со Груевски, преку која ДУИ ќе се обиде да го врати бившиот премиер во центарот на вниманието, бидејќи откако поднесе оставка, секојдневно се маргинализира на политичката сцена (оваа средба може да биде откажана после овој коментар).

Што следува, после поништувањето на одлуката за крстот?

Партнерот на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски ќе објави голема победа. Ќе организираат манифестации, можеби и концерти! (Ниту една манифестација нема да почне без да биде присутна Ермира Мехмети, која што почнала да касни последно време како Никола Груевски)…

Меѓутоа токму тогаш, кога ќе мислат дека успеаја да ги манипиулираат уште еднаш националните и верските чувства на Албанците, ќе им се случи „ладен туш“. Токму тогаш ќе биде објавена „бомбата“ на која еден политичар, го навредува пророкот на муслиманите, Мухамед (голем дел од јавноста веќе знае за кого станува збор).

П.С. После изборите еден Суд од повисока инстанца ќе ја врати одлуката за градењето на Крстот во Бутел.

Слични содржини