Коневски: Жителите на Табак сити ќе добијат нови детални урбанистички планови

од desk2
76 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски, на денешната прес-конференција во населбата Табак сити, промовираше дел од предизборната програма за претстојните локални избори.

– Она што верувам дека најмногу ги интересира жителите на овој дел од општината е донесување на три детални урбанистички планови за локалитетите Македонија Табак и Индустриска зона, рече Коневски.

Тој истакна дека на тој начин граѓаните ќе можат да си ги остварат своите права за регулирање на станбените прашања и имотно-правните односи, особено на оние кои живеат во супстандардни услови.

– Со реализација на новите ДУП-ови ќе се овозможи изградба на нова инфраструктура и уредување и модернизација и на ова населено место во нашата општина, коешто се наоѓа толку блиску до центарот на градот, најави Коневски.

Според него, ќе се обезбедат средства од буџетот на општината и за изградба нови линии за јавно осветлување, за, како што кажа, да блесне во нов сјај и оваа населба./МИА

Слични содржини