Конститутивна седница, партиски надмудрувања

од Vladimir Zorba

Реплики и контрареплики, надмудрувања и меѓусебни обвинувања-вака тече продолжението на конститутивната седница во Собранието. Разврската за избор на собраниски спикер и на претседател и членови на комисијата за избори и именувања останува неизвесна.

На седницата Џевад Адеми од ДУИ рече дека проблемот со коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не бил јазикот, туку мандатот на СЈО.

„Има една суштина предуслов за било каква соработка меѓу ДУИ и СДСМ беше законот за јазиците, за којшто и вие и СДСМ кажавете дека е отпочнат, прецизен, потврден, детелен и затворен. Тој закон како текст некаде постои“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемот беше продолжување на рокот на СЈО да покрене обвинителен акт, не беше проблем законот за јазик, не беше проблем претседателот на Собранието“, рече Адеми.

Слични содржини