Кралицата Елизабета ќе го покани Доналд Трамп на средба

од desk3
92 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде поканет да се сретне со британската кралица Елизабета, пренесува весникот “The Sunday Times”.

image_5885328_126
Потегот се дефинира како “тајно оружје” на владата да ги зајакне блиски односи со новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Плановите Трамп да биде пречекан со црвен тепих во текот на летото на 2017 година се во процес на изготвување на највисоките нивоа во Обединетото Кралство.

Официјалната покана до Доналд Трамп да го направи Лондон своја прва станица во странство ќе биде испратена, откако тој ќе стапи на должност на 20 јануари 2017 година и се очекува дискусиите меѓу британски претставници и претставници на екипата на новоизбраниот американски претседател да започнат наскоро, за да може да се договори датум на средбата меѓу Елизабета и Доналд за месец јуни или јули другата година.

Слични содржини