90
– Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп располага со воени опции против Северна Кореја кои нема да претставуваат ризик за Јужна Кореја.
Сепак, Матис не сакаше да прецизира за кои опции станува збор.
– Нема да влегувам во детали, изјави Матис.
Тој потврди дека неодамна разговарал со јужнокорејскиот колега за можноста за враќање на американското нуклеарно оружје во Јужна Кореја, кое беше повлечено од Корејскиот Полуостров кон почетокот на 90-те години во минатиот век