Одлуката на Западот да стави крај на односите со Русија беше бесмислено, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата „Еуроњус”.

medvedev_2409541b

Според него, Москва е подготвена да ги обнови односите, на нова, рамноправна основа, но првиот чекор треба да го направат ЕУ и САД.

– Западот мора да „размислува широко” и да соработува со Русија во борбата против тероризмот, а не да го прекинува дијалогот, истакна Медведев. Москва од своја страна е подготвена да споделува информации за ова прашање, додаде тој.

Премиерот на Русија смета дека би било разумно истовремено укинување на меѓусебните санкции од Западот и од Русија. Медведев потенцира дека овие санкции не ги измислиле Русите, па тие да треба да почнат да ги укинуваат.

Медведев призна дека санкциите имаат влијание на состојбата на руската економија, бидејќи компаниите и банките останале без западното финансирање. Според него, сепак овие ограничувања дозволиле да започне процес на заздравување на економијата.

Рускиот премиер смета еден од бенефитите е што земјата почнала поактивно да се занимава со земјоделство и сега во голема мера сама ја обезбедува речиси сета храна, а огромни количини жито се извезуваат. Главна штета на руската економија предизвикал падот на цените на нафтата, истакна тој.

Што се однесува до конфликтот во Сирија, Медведев е на мислење дека прекинот на огнот треба да биде решен со сите инволвирани страни. Тој изрази „внимателен оптимизам” за постигнатиот во Минхен договор за примирје во Сирија, бидејќи според него, без соработка на земјите по ова прашање, Сирија ја очекува „бескрајна војна”.

Слични содржини