Русија и Западот се движат кон период на нова студена војна, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска во Минхен на Меѓународната конференција за безбедност.Medvedev

Според него „останува една непријателска и затворена политичка линија на НАТО кон Русија”.

– Европските политичари поверуваа дека создавајќи еден вид појас од пријатели на границите на ЕУ ќе имаат гаранција за безбедност. Каков е резултатот? Не појас од пријатели, туку појас на изолирање, истакна Медведев.

– Да се ​​создава доверба е тешко (…) но треба да почнеме. Нашите позиции се разликуваат, но пред 40 години во Европа имаше ѕид”, истакна рускиот премиер

Слични содржини