Во интервју за модниот магазин “Стајлинг” долгогодишната шминкерка на идната Прва дама,, Никол Брил, ги издаде намерите на Меланија да си опреми посебен будоар во Белата куќа. Во него ќе е сместена сета облека на Мелани и ќе се подготвува нејзината шминка и фризура.
Пред Брил сопругата на Трамп истакнала дека најважниот дел од новоопремената соба ќе биде “совршено осветлена”, бидејќи треба шминката и фризурата да ѝ се беспрекорни за пред камерите во секој момент. А лошата светлина би ѝ ги уништила намерите.
Во цитираното од “Дејли мејл” интервју шминкерката на Мелани не издава детали каде точно во Белата куќа ќе се наоѓа новото катче за убавина на Првата дама и какви уште статисти ќе поседува, но од изданието потсетуваат дека во Белата куќа веќе има еден будоар погоден за потребите на претседателските сопруги.