Меркел потклекна – германскиот комичар, кој си играше со Ердоган, е обвинет

од Vladimir Zorba
147 прегледи

20160416.ytbqwfkjyc (1)

Германскиот комичар Јан Бомерман, е обвинет дека го навредил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на телевизија, и поради тоа зеде четири седмична пауза од настапи.Тоа стана јасно кога во позадина германските власти започнаа кривична истрага против него за скеч во кој прави пародија со Ердоган, пренесе БТА.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека нејзината влада дала зелено светло на обвинителите да започнат официјална кривична истрага против комичарот кој го навреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Водителот на германскиот јавен телевизиски канал Зет Де Еф Јан Бомерман се соочува со прелиминарна истрага за навреда на турскиот претседател поради рецитирање на песна која содржи груби сексуални референци и обвинувања дека Ердоган ги репресира малцинствата и се однесува лошо со Курдите и христијаните .

Јан Бомерман објави на Фејсбук дека зема “кратка пауза од телевизијата”.

Потоа германската телевизија Зет Де Еф ја потврди веста во соопштение во кое вели дека е почестена со одлуката на водителот.

Шоуто на комичарот нема да биде емитувано до 12 мај.

Слични содржини