Министерот Спасовски се сретна со бугарскиот амбасадор Петков

од desk2
73 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на Република Бугарија, Иван Петков.

На средбата, соопшти МВР, Спасовски и амбасадорот Петков ги потенцирале одличните односи меѓу двете земји и особено соработката меѓу полициите од двете држави.

Министерот Спасовски му се заблагодарил на амбасадорот Петков за помошта од Република Бугарија во периодот кога нашата држава се справуваше со проблемот со пожарите.

Соговорниците на денешната средба ја потенцирале и потребата од соработка меѓу државите за надминување на заканите на глобално ниво, пред се околу борбата против тероризмот и насилниот радикализам, како и борбата против корупцијата, трговијата со луѓе и проблемот со мигрантите.

Слични содржини