Мицкоски преку Фејсбук побара извинување од Миновски

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски демантира се она за што директорот на АД ЕЛЕМ Драган Миновски го обвини на денешната прес конференција, истакнувајќи дека се работи за одвлекување на вниманието на јавноста од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија.

-Затоа колега Миноски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно се што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка. Одите во погрешен правец и ве советувам пола од енергијата која ја трошите да ме извалкате со невешто читање на напишани соопштенија да сработите нешто за доброто на татковината, за граѓаните за ЕЛЕМ. За сите злоупотреби кои ги исполнувате за вашите нарачатели ќе одговарате и ќе одговарате многу скоро, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Слични содржини