Дополнителниот заменик-министер за надворешни работи, Оливер Андонов, и Специјалното јавно обвинителство денеска „се бркаат“ со термини за прес-конференции.
Во четврток со почеток во 11 часот прес конференција на #СЈО за две нови истраги.
— Специјално ЈО (@S_J_O_) October 18, 2016
Пред два дена СЈО најави прес-конференција за денеска во 11 часот, на која треба да даде детали за две нови истраги во рамки на обвинителството.
По вчерашното влегување на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање, дополнителниот заменик-министер Андонов на својот фејсбук-профил најави прес-конференција за синоќешните случувања денеска во 11 часот, во просториите на МВР.
Утринава од СЈО ја одложија нивната прес-конференција и ја закажаа во 12 часот.
Ве исвестуваме дека пресот кој беше закажан денес во 11:00 часот се поместува во 12:00 часот. #СЈО
— Специјално ЈО (@S_J_O_) October 20, 2016
Новинарски екипи што во МВР го чекаа Андонов во 11 часот, беа известени дека дополнителниот заменик-министер денеска оди на службен пат во Тетово и дека таму ќе дава изјава во 12 часот (во исто време кога е закажана прес-конференцијата на СЈО).
Дописникот на „Мета“ од Тетово доби потврда од СВР Тетово дека Андонов се очекува да пристигне денеска во 12 часот.