А) – Жозе Мурињо доби поддршка од управата на Челзи и покрај поразот од Саутемтонм по кој актуелниот шампион на Англија падна на 16. позиција на табелата.

мурињо

Според медиумите од островот, на синоќешниот состанок на управата на Челзи било одлучено да му се даде шанса на Мурињо да излезе од кризата, особено сега кога следува двонеделна репрезентативна пауза, период во кој тој ќе има шанса да ја консолидира екипата.

– На овој период гледам како на фантастично искуство кое не сакам да трае. Сакам да заврши и повторно да им се вратиме на победите. Ова досега не ми се случило во кариерата. Од сето ова ова ќе излезам посилен и по оваа криза ќе бидам подобар тренер, изјави Португалецот по мечот со Саутемптон.

Англиските медиуми пишуваат дека Абрамович не сака да брза со одлуката, бидејќи Мурињо не би се вратил трет пат да работи во Челзи

Слични содржини