“Ова е најтешкиот период во мојата кариера со најлошите резултати во мојата кариера”, призна менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо пред деечниот  дуел со Саутемптон.

мурињо

“Сините” ја започнаа сезоната во Премиер лигата многу слаб начин, и  по 7 ккола го заземаат 14-то место на табелата, а во текот на неделата дозволија губење на гостувањето кај Порто во натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. “Ова дефинитивно е најтешкиот период во мојата кариера со најлошите резултати во мојата кариера. Би го нарекол фантастичен негативно искуство – искуство кое сакам утре да заврши и никогаш да не се повтори. Мислам дека овој предизвик дојде премногу доцна во мојата кариера, по 15 години во професијата. Требаше да дојде на втората или третата година, но секако ми помага да станам подобар тренер. Секогаш сум се соочувал  со големи предизвици, но никогаш не сум губел толку многу натпревари. Тоа е факт , но ќе ја  преживеам  оваа ситуација и со нетрпение го очекувам следниот натпревар “, коментира Португалецот

Слични содржини