На 15 октомври, народот масовно ќе гласа против сегашната Влада зашто е свесен дека почнува нова ера и нов живот во Македонија. Народот за овие четири месеци од владеењето на СДС се увери дека се што беше ветено е ветер и магла, нема исполнување на ветеното, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Кочани.
Според Груевски запирањето на сите градежни објекти и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги почна е погубна политика за актуелната власт, потенцираше Груевски.
Тој пред жителите на Кочани ги посочи и, како што истакна, политичките хајки кои актуелната власт ги води преку медиумите, администрацијата и врз странските инвеститори. Зборуваше и за законот за јазиците и за референдумите кои, според него, во дваесет градови во државата требаше да се одржат на денот на изборите со кој народот ќе го дадеше својот глас против населувањето на мигранти во земјава.
Груевски рече дека очекува на 15 октомври ВМРО-ДПМНЕ да ја добие подршката од народот, изразувајќи надеж дека со тоа во Македонија ќе почне нова ера на живот.