Во среда (08.06.2016) со почеток точно на пладне граѓани кои протестираат со ‪#‎ШаренаРеволуција‬ и ‪#‎Протестирам‬ ќе го блокираат сообраќајот во Скопје. Оваа власт реагира единствено на силен притисок и гласни граѓани. Секој/а граѓанин/ка кој/а може и сака да се приклучи на блокадата, може да дојде на некоја од следните раскрсници во 12 часот:
-Кај Судска палата
-Кај Црвениот крст
-Кај Соборниот храм

Нашата борба продолжува со блокада на овие раскрсници во центарот на градот. Нашиот протест ќе биде мирен и достоинствен.

download

Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните.

Ве повикуваме масовно да се приклучите кон овој протест!
Ајде да испратиме силна порака на единство и одлучност!

Резултатите од нашиот труд веќе се видливи, бидете сигурни дека ништо досега не беше залудно. Сега продолжуваме посилно. Свесни сме дека овој пат е тежок, но исто така сме убедени дека друг пат не постои. Само со истрајност во протестите ќе ја принудиме оваа власт да ги исполни нашите демократски барања.

Ги повикуваме сите кои не можат да се приклучат на разбирање и толеранција. Наместо да се лутите, свирнете за поддршка. Сетете се, се што бараме е правда и еднаквост за сите нас. Ова е нешто што секој треба да го поддржи.

Интегрален текст на “Шарена револуција”

Слични содржини