НДМ: Зошто власта ги омаловажува антифашистите и ги исфрли на улица!

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Народно движење за Македонија денеска на заедничката прес конференцијата во Велес со Сојузот на борците се осврна на скандалозното одземање на имотот на борците.

timthumb-3

– За НДМ е скандалозно однесувањето на власта и понатаму да одзема имот на борците од НОВ. Со овој, во основа антимакедонски антипатриотски чин, прво, се врши флагрантно кршење на уставните принципи за владеење на правото и правото на сопственост, и второ, се доведува во прашање опстанокот на Сојузот на борците на Македонија, грубо сквернавење и негирање на НОБ, на националните и антифашистичките традиции во Република Македонија. НДМ најостро се спротиставува на исфрлувањето на антифашистите на улица кои во голем дел го дадоа животот за македонската држава.Ваквото скандалозно однесување на власта наскоро ќе заврши. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт го уверува народот дека знае како се почитуваат светлите традиции на народот и во оваа насока неправедно одземениот имот на борците ќе биде вратен – рече претседателот на НДМ, Јанко Бачев.

Слични содржини