И окрај неофицијалните информации дека во текот на наредната недела се очекува преговорите да продолжат, според порталот Либертас, кој се повикува на извори од високи функционери во СДСМ, се уштеа нема договор за нови средби на лидерската четворка.

LIDERSKA-1000x580

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во четвртокот ги прекинаа преговорите откако повторно ги повторија своите дијаметрално спротивни ставови за прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите.

Портпаролот н СДСМ, Петре Шилегов, изјави дека преговорите се прекинати бидејќи стигнале, како што рече „до двете болни теми за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се прочистување на Избирачкиот список, односно 330.000 спорни записи и регулирање на медиумската сфера“ пон што дошло до прекин на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ денеска рекоа дека избирачкиот список е чист , и ја повикаа ДИК да изврши дополнителни активности за прочистување на избирачкиот список за да го увери СДСМ дека списокот е веќе прочистен.

 

Слични содржини