Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала го потресе повторно Непал, соопшти Геолошкиот служба на САД.Епицентарот се наоѓал на 93 километри северозападно од главниот град Катманду, на длабочина од 10 километри.
20150502.cqybmvvbfh
Потресот е почувствуван во 11,20 часот. По локално време, 5,35 ч. по Гринич. Засега не се добиени извештаи за жртви и причинета материјална штета. По катастрофалниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер на 25 април со епицентар на 82 километри северозападно од Катманду, следеше серија од последователни потреси, од кои најсилниот  со интензитет од 6,7. Според последните податоци досега се загинати  6621 лица, а повредените 14 023.

Слични содржини