СВР Велес поднесе кривична против А.М. (41) од Кавадарци, полициски службеник во МВР на РМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот со несовесно постапување и пропуштање на должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности, во системот на МВР внел неточни податоци за регистрација на возило, односно наместо од 12.11.2015 година, внел дека возилото е регистрирано со датум од 03.11.2015 година.
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против И.Н. (51) од Прилеп, управител на „Еуролим“ ДОЕЛ Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „оштетување или повластување доверители“. Пријавениот, иако од 2009 година му била блокирана жиро сметката на правниот субјект, а со намера да избегне плаќање на обврски кон доверителите, продолжил со дејноста која ја вршела фирмата, изготвувајќи фактури, склучувал договори за цесии, а за сите плаќања ја користел трансакциона сметка од неговата сопруга. Наведените дејствија кои ги преземал не ги прикажувал во книговодствената евиденција на правниот субјект „Еуролим“. Исто така, пријавениот во меѓувреме го формирал правното лице „Еуролим Гип“ ДОО-Прилеп кое е со иста дејност како „Еуролим“, на која фирма без никаков надомест го префрлил деловниот објект лоциран на ул. „Крушевско џаде“, како и опремата и залихите на материјали од истиот со што им оневозможил на доверителите да ги наплатат своите побарувања во вкупен износ од 8.230.983 денари, за кој износ од 1.495.413 денари не пресметал и не платил данок на додадена вредност оштетувајќи го буџетот на Р. Македонија.
Началници во УБК-Куманово работеле со лажни дипломи…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ѓ. (62), главен инжинер во ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово, В.С. (61) , Б.И. (46) и А.А. (61), тројцата сменоводители во ФЗЦ„ 11 Октомври“ АД Куманово и сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „кражба“ сторено од страна на непознато лице. Пријавените во периодот од 2010 година до 18.12.2015 година со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле при користењето на материјалите за работа доверени во нивното работење, на тој начин што првопријавениот одобрил требување на 2000 кг. легури, иако немало потреба за толкава количина, а додека останатите кои го должеле магацинот, каде истата се чувала, не воделе контрола над вработените кои неконтролирано потрошиле околу 960 кг легура, а додека на петтопријавениот му овозможиле да одземе количина од 1040 кг., причинувајќи штета на ФЗЦ„ 11 Октомври“ АД Куманово во износ од 152.058 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.И. (21) студент од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсифукување на хартии од вредност“. Пријавениот во месец октомври 2015 година, скенирал, електронски обработил и во книжарница во Битола испечатил лажни вредносни бонови од 500 денари, со намера да ги употреби како вистинити во мензата на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола. Од нив четири успеал да продаде, а при извршен преглед, пронајдени се 17 вредносни бонови кои биле употребени, со кои била причинета материјална штета од 8.500 денари.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.М. (42) од Куманово, управител на ДИК „Декстера Проект“ ДОО Куманово и против ДИК „Декстера Проект“ ДОО Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „измама“, а правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено уште едно кривично дело „бесправно градење“. Првопријавениот во својство на инвеститор, организатор и изведувач на градежни работи во периодот од 2011 до 2014 година, извел градежни работи и изградил стамбена зграда за колективно домување, спротивно на основниот проект изработен од второпријавеното правно лице, врз основа на кој имал одобрение за градење. Исто така првопријавениот го довел во заблуда Г.Ј., со лажно прикажување на факти, на начин што истиот му платил паричен износ од 12.500 евра при купопродажба на стан, за што првопријавениот му ветил дека ќе му вгради термоизолација, што не го сторил, а ниту му ги вратил паричните средства.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.11.2015 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што е пронајдена метална дробилица, 1,07 грама наркотична дрога марихуана, 1,11 грама семки од растението канабис и четири куршуми калибар 6,35 мм.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (23) од Куманово поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.03.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што е пронајдена автоматска пушка, празна рамка за истата и 69 куршуми од пиштолска муниција.