Не се јавува ниту неговиот адвокат ниту пак од судот кажуваат дали решението е испратено веднаш или тоа ќе го направат првиот работен ден со оглед дека решението беше донесено вчера доцна попладнето. Неизвесноста ќе биде решена во понеделник кога во неговата канцеларија доколку Талески е во притвор ќе треба да се појави негов заменик, информира Телма.

taleski 2

Тоа значи дека Талески и понатаму ќе биде прв човек на општината. Иако судот му одреди мерка притвор законот за локална самоуправа предвидел градобаќалникот да одбери свој човек од советот да го назначи и тој да биде негов заменик. Екпсертите не се сомневаат дека со неговото не одење на работа ќе се запре работата на општината, појаснува Тања Алтанџиева поранешен заменик министер за локална самоуправа, а сега адвокт.

Законот за локална самоуправа ја предвидел во членот 54 во кој се напишани неколку причини како може да прекине мандатот на градоначалникот и тоа во случај на оставка, смрт или правосилна пресуда, но и неоправдано отсуство кое треба да го констатира советот, а никаде не е предвидено определена мерка притвор. Но бидјеки законот дозволува самиот на назначи заменик, за 15 дена тој ќе треба да депонира потпис и да го извести министерството за локална самопурава по што сите документи решенија одлуки па и гласање за буџетот на општината ќе ги води заменикот.

Ова е втора одлука на Кривичниот суд. Судија од претходна постпка одлчи да му го одземе пасошот како превентивна мерка за да не побегне од државата. Но истиот суд само друго тројца судии го поништија ова решение и донесоа ново со кое наложија куќен притвор кој доколку Талески го прекрши веднаш ќе биде однесен во Шутка. Тој е осомниен од Специјалното обвинителство дека правел големи малверзации со пари за превоз на ученици.

Слични содржини