Илјадници мигранти ја преплавија Гевгелија.Ноќеска Грција пушти околу 4000 мигранти кои влегоа во Македонија.Полицијата и армијата будно ја следат состојбата и го менаџираат протокот.
Илјадниците мигранти кои пак вчера попладне го пробија полицискиот кордон на границата со Грција и влегоа на железничката станица во Гевгелија, со автобуси комбиња и возови беа транспортирани до северната граница.ЗАбрзан е трансферто а се подготвува и парцела надвор од Гевгелија каде ќе се врши регистрација на мигрантите , за да не влегуваат во градот, најви министерот за внатрешни работи Митко Чавков
Од вчера попладне две автобуски компании со околу десетина автобуси , ангажирано превезуваат мигранти од Гевгелија кон Табановце два пати во денот а железницата ќе има три редовни возови и еден дополнителен со цел мигрантите да се пренесат до северната граница кон Србија.Тоа беше проблем претходно затоа што возот одеше само еднаш до табановце и се создаваа големи групи и чекања на границата во Гевгелија.
Исто така и новиот бран на илјадниците мигранти кои во текот на ноќта со автобуси и возови тргнаа од железничката станица во Гевгелија рано утрово пристигнаа кај граничниот премин Табановце.
Од друга страна пак околу четири илјади мигранти според изјавите на волонтерите кои им даваат помош се заглавени на северната граница на Македонија и чекаат влез во Србија каде во моментот кога пристигнале границата била затворена и српската полиција не пропуштала мигранти.
Активистот Јасмин Реџепи од невладината „Легис“ на својот Фејсбук профил алармира за состојбата и извести за ситуацијата ноќеска во Гевгелија.
„Одеднаш пуштија 4000 луѓе! Гевгелија е преплавена! Масовно ги носат со автобуси, минибуси и комбиња и воз до Табановце! Гладни и накиснати ќе смрзнат на северната граница!
Ова ли е хуманиот план на владата?
Зарем со страдањето на бегалците сака некој да профитира?
Срамота“, напиша Реџепи на Фејсбук.
Мигрантите тврдат дека повеќе не им се бараат ниту документи. Очигледно, се спроведува друг план , како оној на Грција и Србија-мигрантите што побрзо да влезат и што побрзо да заминат од земјава. ОД МВР велат дека будно ја следат состојбата и го менаџираат протокот во функција на можен хуман аспект на овој глобален проблем со мигрантите и бегалци од кризните подрачја на Сирија.