Холандија го предупредила премиерот Никола Груевски, дека на следниот самит на НАТО во Варшава во 2016 година, поканата за членство во НАТО за Македонија би требало да се преиспита доколку земјата не се придржува на демократските процеси, пишува НОВА.

makedonija-nato-540x248

Ова се случувало на ручекот во средата (11 март) помеѓу амбасадорите шест земји членки на НАТО и премиерот и неговата делегација, веднаш по средбата која Груевски ја имаше со генералниот секретар на Алијансата.Амбасадорката на Холандија на ручекот се запрашала дали не треба да се преиспита поканата за Македонија поради нефункционалната правна држава, зависноста на судството од власта и недостигот на слобода за медиумите. Другите амбасадори не се произнеле на таа тема но познато е дека Холандија не е единствената земја која веќе одамна се прашува дали поканата за НАТО и препораката за преговори со ЕУ се уште имаат некое значење за македонските власти.

Слични содржини