Иако по 14-дневно отсуство се појави јавно претседател Владимир Путин шпекулациите за неговата состојба не запираат. Додека беше далеку од камерите, за него имаше какви ли не гласини – дека е болен, дека е мртов, дека е во Швајцарија со љубовницата Алина Кабаева и новороденото дете, па дури и дека е киднапиран од вонземјани. Една од последните теории е дека Путин си направил пластична операција на лицето. Се вадат и слики како доказ.

20150317.iwwypnkqiz

При споредбата на фотографиите од последната појава на Путин пред “исчезнувањето” и вчерашната средба со претседателот на Киргистан се забележува дека лицеѕо на претседателот изгледа доста измазнето, пишува сајтот jezebel.com. Тој тврди дека во минатото Путин бил подложен на пластични операции , кои не биле квалитетни и го терале да изгледа лошо.

Затоа неговото лице, кое очигледно било третирано со ботокс , немало потреба од постојано одржување, за да не личи непријатно. Според запознаените, 10 дена се сосема доволни за закрепнување од една мала операција.

“Значи следниот пат кога Путин че го нема 1 месец, ќе знаеме дека конечно си направил операција за подигање на ” бразилски задник “,се пошегува од сајтот.

Слични содржини