Од среда банките и потенцијалните инвеститори ќе го посетат „Фени“

од desk4

Комерцијална, Силк роуд и Стопанска банка денеска упатија писмено барање до Мирослав Анастасиевски, превремен стечаен управник на „Фени Индустри“ А.Д. Кавадарци во кое тие бараат без одлагање да се обезбедат сите неопходни услови за непречен увид во имотот на Должникот на заинтересираните инвеститори.

Во писмото на трите банки се вели:

„Во врска со претходната постапка поведена над имотот на должникот Друштвото „Фени Индустри“ А.Д. Кавадарци со Решение СТ бр.111/2017 на Основен суд Велес, Ве информираме дека Банките предлагачи на стечајната постапката стапија во преговори со заинтересирани инвеститори кои би се јавиле како санатори со цел да се продолжи со работа на Должникот, по отворање на стечајна постапка.

Со цел да не се врши непотребно одолговлекуње на активностите, кумулирање на трошоците кои Банките ги авансираат за да се спречи настанување на ненадоместлива штета со намалување на вредноста на имотот на Должникот, како и рестартирањe на работењето на Должникот во најбрз можен рок, како на привремен стечаен управник определен со Решение СТ бр.111 /2017, Ви се обраќаме со цел без одлагање да ги обезбедите сите неопходни услови за непречен увид во имотот на Должникот на заинтересираните инвеститори.

Посетата на Фени од страна на заинтересираните инвеститори заедно со претставници на банките ќе ја извршат во период от од 22.11.2017 до 29.11.1017 година.

Ве информираме дека секое непостапување или одлагање на постапување по нашето барање, нанесува штета во поглед на изнаоѓање санатори за брзо рестартирање на рабетењето на „Фени Индустри“ А.Д. Кавадарци, што повлекува соодветна одговорност.
Ви благодариме на соработката,

Комерцијална банка АД Скопје
Теодора Гушкова Проданова
Директор на Секретар за правни работи

Стопанска банка АДСкопје
Дејан Станковски,
Директор за специфични прашања

Силк Роуд Банка АД Скопје
Душко Кртсевски,
Директор за Служба за правни работи

Слични содржини