Во овој момент околу 50.000 сириски бегалци се движат кон турска граница и тој број може да достигне до 1,5 милиони луѓе ако градот Алепо биде целосно бомбардиран, изјави денеска тускиот министер задолжен за европски интеграции Волкан Бозкир.

migranti-na-granica-22-740x483

 Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  претходно ги нападна ЕУ и Обединетите нации поради притисокот кој се врши врз Турција да ги отвори своите граници за бегалците, заканувајќи се дека ќе испрати милиони бегалци, кои се наоѓаат во Турција, во други земји.

–  Нас не ни пишува на чело дека сме идиоти. Немојте да мислите дека авионите и автобусите таму се без причина. Ние ќе го направиме тоа што е неопходно, истакна Ердоган.

Ердоган рече дека трпението е при крај, а најави и нов бран бегалци од 600.000 луѓе доколку продолжат воздушните напади. Се подготвуваме за тоа, наведе Ердоган.  Моментално во Турција има околу 2,6 милиони бегалци.

Слични содржини