Нема ниту еден преживеан во авиокатастрофата со авион на германската нискотарифна сестринска фирма на Lufthansa – German Wings, изјави за АФП францускиот претседател Франсоа Оланд.
Условите под кои се случил инцидентот, нè остави да мислиме дека нема ниту еден преживеан, појасни Оланд.
Патнички авион на авиокомпанијата се урна во Јужниот дел на француските Алпи.
Авионот летал меѓу градовите Барселона и Дизелдорф. Според прелиминарните податоци на авионот имало 142 патници и шест члена на екипажот.
Според непотврдени податоци повеќето патници биле германски државјани.
Машината паднала исклучително брзо, соопштува германскиот Bild. За неколку минути авионот слезе од ниво 11 000 метри до 2000 метри. Такво симнување на висината исполнува маневар за слетување на аеродром.
Авионот исчезнал од радарите околу 12:15 часот по македонско време. Требало да полета во 09:35 ч. по локално време, но тоа се случило дури во 10:01 часот. Во Дизелдорф авионот требало да слета во 11:55 ч. по локално време.
Веќе се пронајдени остатоци од машината во Јужните Алпи, во реонот Барселонет, соопшти француското Министерство за внатрешни работи. Авионот паднал меѓу Ница и Марсеј. Последниот пресретнат од радарите на 2000 метри надморска височина.
Авионот Airbus A320 има преку 25 години. Првиот лет на урнатата машина бил во 1990 година. До 2003 година таа летала за Lufthansa. Овој модел (Airbus A320) е втор најпродаван во светот по Боинг 737. Тежи околу 40 тони, по должина е 37.5 м.