ОН ќе обезбеди 15 милиони долари за помош на Непал,кој настрада од катастрофалниот земјотрес. Ова станува јасно од објавен во вторникот извештај на Агенцијата за координирање на хуманитарната помош на светската организација, пренесе ТАСС.

Image_4738523_126

Заменик генералниот секретар за хуманитарни прашања “Валери Амос на 27 април нареди доделувањето на 15 милиони долари од централниот фонд на ОН за реакција во вонредни ситуации, што ќе им овозможи на меѓународните хуманитарни организации брзо да раегираат во Непал”, се вели во документот .

Според последните податоци, бројот на загинатите е над 5.000, а околу 10 000 за повредените. Според ОН најсилниот земјотрес погоди над 8 милиони жители на Непал, кој има население од 27 милиони луѓе.

Слични содржини