Голем број граѓани на различна возраст денеска излегоа на најавениот мирен  сеалбански протест организиран од неформалното политичко движење „Беса“ под мотото „Протестирам албански“. Тие побараа оставка за Владата предводена од Никола Груевски и Али Ахмети веејќи албански знамиња низ скопските улици и извикувајќи албански пароли.Немаше никакви инциденти, но со конкретни пораки

New-Picture-4-702x336

Беа истакнати три барања на демонстрантите:

„барање оставка од антиалбанската, инкриминирана и корумпирана влада на Груевски и Ахмети,

расветлување на сите албански вистини во Македонија,

 барање нов договор за Македонија“.

 

На маршот присуствуваа и граѓани од други градови кои организирано со автобуси пристигнаа во Скопје.Денешниот протестен марш го поддржаа 45 политички и невладини организации, како и повеќе јавни личности.

Претходно беше најавено дека на протестот ќе учествуваат движењето „Беса“ и партиите ПДП и НДП, како и роднините на осудените во процесите „Монструм“ и „Сопот“, роднините на убиениот командант Шабан Зенуни, Унијата на албанските студенти, Центар за демократија и развој, Здружение на поранешните албански политички затвореници во Македонија, Здружението „Сакаме чист Чаир, Институтот НИСМА – Скопје, Здружението на интелектуалците „Мендими“…

Меѓу демонстрантите беа  академикот Абдулменаф Беџети, професорот Милазим Фејзи, аналитичарот и бивш дипломат Арсим Зеколи, писателот Ким Мемети, професорот Арсим Синани, издавачот на „Лајм“, Фејзи Хајдари, главниот уредник во „Алсат-М“, Мухамед Зекири. Учествуваа и здруженија од Косово, но и од повеќе европски земји.

Граѓаните Албанци со парола порачаа да не се етикетираат како шиптари носејќи го со себе транспарентот „Don’t you Shqiptar me“

фото Мкд.мк

Слични содржини