Откриена нова планета во Сончевиот систем?

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Двајца астрономи од Калифорнискиот институт за технологија тврдат дека откриле нова планета во Сончевиот систем која привремено ја нарекле „Деветта планета“, пишува Вашингтон пост.

planeta (1)

Зтанува збор за замрзнат гигант, три пати поголем и десет пати потежок од Земјата која се крие на самиот крај на Сончевиот систем.

Астрономките Мајкл Браун и Константин Батигин, чија студија е објавена во „Астрономикал Журнал“, наведуваат дека се уште директно не ја набљудувале оваа далечна планета, но дека имаат доволно докази за нејзино постоење.
Дека „Деветтата планета“ навистина постои заклучиле на основа на движењето на откриените џуџести планети и помали вселенски објекти надвор од Сончевиот систем.

„Тие мали вселенски тела имаат орбита на која најверојатно влијае гравитацијата на скриената планета“, се наведува во студијата на двајцата научници кои веруваат дека одамна планетата е отфрлена длабоко во вселената под дејство на гравитационите сили на Јупитер и Сатурн.

„Од античкото време до сега човекот открил се на се две планети, а ова ќе биде трета“, вели Браун, наведувајќи дека големи делови од нашиот Сончев систем се уште не се истражени.