Отворената црна кутија со разговорите од пилотската кутија е оштетена сериозно, кога авионот се урнал. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнов, цитиран од “Асошиејтед прес”.

430x323

“Црната кутија е оштетена и ќе треба да биде поправена во наредните часови, за да биде употреблива”, најави министерот.

Потсетуваме патнички авион Airbus A320 се урна во јужна Франција. Во авионот имало 144 патници и шестмина членови на екипажот, вклучувајќи двајца пилоти. Нема преживеани.

Клучно за истрагата е она што се случи во минутата по 10.30 часот, изјави францускиот министер за енергетика. По овој момент диспечерите не можеле да се поврзат со авионот.

Рекордерот ги снима разговорите меѓу пилотите, диспечерите, како и сите звуци кои се слушаат во пилотската кабина.

Снимката на податоците за летот, кои Казнов рече дека се уште не се обновени, доловува информации за локацијата и условите на речиси секоја дел од авионот.

И двајцата министри истакнаа дека верзијата за терористички акт е малку веројатна.

Слични содржини