Ова се лицата кои конкурирале: Петтиот член на ад хок телото ќе се избира утре

од Vladimir Zorba
Членовите на ад хок телото за мониторинг на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи.
На јавниот повик пријавени се Сефер Тахири, Илир Ајдини, Бесмира Ејупи, Даут Даути, Ајат Реџепи, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков.
Според договорот на четирите политички партии, најмалку еден член на телото мора да биде Албанец, но бидејќи ниту ДУИ ниту ДПА не доставија свои предлози, петтиот член што треба да се избере со консензус на досега избраните четворица треба да биде Албанец.
Сепак со оглед на тоа што членовите имаат право на вето на избор нема оптимизам дека изборот на петтиот член ќе помине лесно.
Досега се именувани Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, како предлози од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ.

Слични содржини