Ве информираме, дека 80-иот протест на исклучените од Топлификација ќе се одржи во сабота 24. 09. 2016, на вообичаено место и време, кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот.
Како и претходните саботи, протестот ќе започне со пеење на партизанската песна „ Падај сило и неправдо “ со која исклучените ќе ја „ поздрават “ актуелната власт.
Потоа ќе продолжи читањето на говорите кои на 28. 12. 2015, во Собранието на РМ, ги одржаа пратениците. Оваа сабота, ќе се чита говорт, пратетеничката Лилјана Кузмановска. Пратеничката Лилјана Кузмановска јавно призна дека ова е дело на Владата на Никола Груевски.
Во борбениот повик оваа сабота ќе биде раскажана приказната за Боби Сандс, кој во 1981 умре во штрајк со глад, борејќи се за човековите права на затворениците во Северна Ирска.
На протестот оваа сабота, најмногу ќе се зборува за начините како исклучените од Топлификација да ја помогнат борбата на опозицијата да се симне од власт партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Во „ Бомбата 79 “, која ќе биде прочитана на протестот, ќе бидат анализирани искуствата од други земји со електричните централи со комбиниран циклус каква што е ТЕ-ТО.
Ќе има и други содржини за кои мислиме дека ќе го привлечат вниманието на Вашите читатели, гледачи, односно слушатели. Затоа Ве покануваме да го следите протестот следната сабота.