Памела Андерсон скршена поради Хју

од desk3
159 прегледи

Една од славните “Плејбој” зајчици Памела Андерсот тешко ја поднесе смртта на Хју Хафнер. Откри многу лепотици (буквално), а една од оние кои вечно ќе му бидат благодарни е и глумицата бивша “зајчица” Памела Андерсон. 

“Збогум, господине Хефнер. Низ главата ми поминуваат толку многу мисли, но мозокот не ми функционира, на може да ги обработи. Поради тебе сум тоа што сум. Од тебе научив се за слободата и почитувањето. Заедно со членовите на моето семејство, ти си ми бил најважната личност во животот. Ти всушност даде живот”, напиша Памела на Инстаграм, со кратко видео на кое се гледа како плаче и како и е размачкана шминката.

Секако, се снимала во долен веш. 

“Уште сум во шок. Кога последен пат те видов, те болеше грбот, користеше количка за одење, но не сакаше тоа да го видам. Повеќе и не слушаше. Во џебот носеше парче хартија на кое го пишуваше моето има, а околу него беше нацртано срце… Се распаѓам… Уште можам да слушнам како ми зборуваш: “Биди храбра, живеј го својот живот, а со мажите – само уживај…Го имаш светот под нозете, дива си и слободна, само остани јака, но и ранлива”, напиша 50-годишната глумица, која доживеа вистински бум кога Хефнер ја стави на насловната страна на “Плејбој” во февруари 1990. година.

“Секогаш беше тука за мене, за сите нас. Ширеше љубов и лудачка мудрост. Ќе ми недостасува, се што е во врска со тебе. Ти благодарам што овој свет го направи подобар,  послободно и посексипилно место. Беше џентлмен, шармантен, елегантен и забавен, Збогум Хеф… Твојата Памела”.

Слични содржини