Папата се сретна со Фидел Кастро

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Папата Фрањо, кој е на апостолска посета на Хавана, се сретна со Фидел Кастро.Средбата траеше околу 30-40 минути, и се одржал во неформална атмосфера, соопшти РИА “Новости”, повикувајќи се на претставник на Ватикан Федерико Ломбарди.

папапа

Според зборовите на Ломбарди Фрањо и Кастро се виделе по утринската служба, која поглаварот на Римокатоличката црква која ја отслужи на Плоштадот на Револуцијата. Посетата на папата во Куба ќе трае до 22 септември. Според информациите на CNN средбата се одржала во домот на поранешниот кубански лидер. На неа биле  присутни 10 члена на неговото семејство, меѓу нив и сопругата на 89-годишниот Кастро. Првата средба на Фидел Кастро со шеф на Светиот престол е во 1996 година, кога беше примен  во Ватикан од папата Јован Павле II. Во 1998 година Јован Павле II го посети островот. Во 2012 година папата Бенедикт XVI се сретна со Кастро постариот во Куба.

Слични содржини