Групата „Парни ваљак“ вечерва ќе настапи на манифестација „Велешка питијада“. Концертот, како што рече на средбата со новинарите фронтменот на групата Аки Ракимовски е дел од нивната турнеа во поранешните ју републики, а по повод 40 години од основањето на групата.

aki

– Среќни сме што сме повикани како група да бидеме дел од оваа традиционална „Велешка питијада“ и се надевам дека времето нема да биде така лошо и дека вечерва ќе имаме една голема забава, рече Ракимовски, кој додаде дека одбележуваат 40- годишен јубилеј.

На концертот ќе ги офатат сите популарни песни од 1975 година, а премиерно ќе ја изведат и песнат „Само ти“.а

Слични содржини