Партиските лидери “со полн стомак” попладнево ќе седнат за преговаат

од desk3
100 прегледи

Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска првата заедника средба ја почнаа на заедничкиот ручек во резиденцијата на ЕУ во скопско Пржино.По ова тие ќе седнат на лидерска средба во друштво на еврокомесарот Јоханес Хан и амбасадорите Аиво Орав и Џеј Бејли.

liderite-site_so_han_i_bejli

Лидерот на СДСМ Заев по средбата истакна дека обврска на сите партиципиенти во овој процес е чесно да пристапат пред граѓаните гарантирајќи им слободно изразена волја.

– Опозицијата е најважниот фактор којшто треба да обезбеди слободна волја на изборите на граѓаните и, секако, исполнети услови за кристално чисти предизборни и изборни активности. Ќе се направат сите калкулации. Да не прејудицираме. Попладне ќе ги знаеме заклучоците по кои ќе продолжиме, рече Заев.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека изјава поврзана со денешните средби ќе даде кога ќе дојде време. Тој во синоќешното обраќање по повод временото повлекување го повтори ставот на партијата дека изборите треба да се одржат на закажаниот датум во април.

Вељановски  потврди- Груевски ја достави оставката “која ќе биде ефективна на 100 дена пред изборите”

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е оптимист дека денеска ќе биде постигнато решение и смета дека нема простор за одложување на изборите од 24 април.

– Ги правиме сите напори за да дојдеме до конечно решение затоа што земјата ја очекуваат многу значајни прашања. Не мислам дека датумот е главниот проблем, туку неколку технички прашања. Сметам дека сме многу блиску до решение и согласност од сите страни, но ќе видиме покасно. Методологијата за прочистување на Избирачкиот список и прашањата за медиумите се техничките прашања за кои се разговара. Сметам дека ќе има решение, но сепак ќе почекаме, ќе видиме колку може да се доближат овие прашања за кои сметам дека не постојат големи разлики, изјави Ахмети по средбата.

На новинарско прашање дали е можно одложување на изборите за месец или два, Ахмети нагласи деке не смета оти има простор за тоа и додаде дека првенствено треба фокусот да се стави на прашањата околу стандардите кои треба да се исполнат за организирање избори. Сепак, рече, конечниот збор за стандардите треба да биде кажан од институциите коишто ги организираат и мониторираат изборите – ДИК, ОБСЕ, ОДИХР.

И лидерот на ДПА пред средбата посочи дека остануваат на ставот закажаните предвремени избори дека не треба да се одложуваат.

Се очекува денеска да биде постигнат финален договор во врска со неколку отворени прашања поврзани со договорот од Пржино како што се медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список, но исто така се очекува до крајот на денот да биде познато дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат во рокот што беше договорен – 24 април 2016 година или, пак, тие ќе бидат пролонгирани како што бара опозицијата.

Слични содржини