Пет медицински кабинет во Дизелдорф биле претресени по наредба на обвинителството во врска со авионската несреќа во Француските Алпи, во која загинаа 150 лица, пренесоа светските агенции. Здравствените картони на осомничениот за намерната несреќа втор пилот Андреас Лубиц биле запленети.

20150403.vhjegxqatl

Претресите биле преземени, бидејќи се смета дека 27-годишниот Андреас Лубиц, бил на консултации кај лекарите кои работат во овие ординации.

Во меѓувреме денес беше соопштено дека анализата на податоците од втората црна кутија на авионот А320 на германската нискотарифна авиокомпанија “Џермануингс”, кој се урна во Француските Алпи, потврдува дека Андреас Лубиц намерно останал  сам  во пилотската кабина,  го исклучил автопилотот , за да ја намали висината и да го урне авионот. /АФП

Слични содржини