Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Непал надмина 7000, а повреденени се  – 14 000 лица , пренесоа светските новински агенции. Помеѓу жртвите се и десетици странци. Се очекува нивниот број да расте, бидејќи се уште течат спасувачки операции, а многу луѓе се под урнатините на зградите.

непал

Потсетуваме  дека земјотрес со интензитет од 7,9  го потресе Непал на 25 април. Епицентарот се наоѓа на 82 километри северозападно од главниот град на земјата Катманду, а епицентарот  е на длабочина од 15 километри

 

Земјотресот беше проследено со серија потреси , од кои најсилниот од кои е со магнитуда 6.7.

Силните потреси со магнитуда 5 по Рихтер продолжуваат.

Спасувачките акции на многу места се попречени поради поројните дождови. Пристапноста до патиштата е голем проблем за хуманитарците , а повеќето патишта до селата се потрпани од свлечишта и пукнатини.

Во меѓувреме избувнаа протести меѓу локалното население против шпекулантите, кои продаваат стоки по надуени цени. Според луѓето дури водата се тргува многу поскапо од пред тоа. Тие се незадоволни и од властите кои дистрибуираат несоодветните  и малу количини на стоки по погодените области така, дека на семејството им фалат многу работи , а сиромашните се во исто време  премногу како и незгрижените. Луѓе останаа без домови  и работа  и привемените  решенија се недоволни.

Слични содржини