Времетo во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе има појава на нестабилност, особено во попладневните часови со појава на повремен пороен дожд и појава на грмежи. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

nevreme (1)

Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 10 до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

До сабота вкупната количина на наврнат воден талог на места се очекува да надмине 30 л/м2, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен, а во сабота северен ветер.

Врнежи од снег ќе има само на највисоките планински врвови, а во сабота на надморска висина над 1500 м.

Во сабота дневните температури ќе бидат најниски и ќе се движат од 7 до 13 степени, а од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Слични содржини