Пожарот кај Булачани и Раштак е локализиран, пожарите во Кумановско изгаснати

од Vladimir Zorba

Дождот заврши работа со активните пожари

Пожарот кој беснееше од неделата на Скопска Црна Гора во близина до селата Булачани и Раштак е локализиран, но постои опасност повторно да се разгори.

Пожарот зафати околу 500 хектари трева и ниско стеблеста шума, при што настрадаа бачило и викендичка.

Пожарите кои неколку дена ја зафатија шумата во селата Белановце, Отља и Стрима, се изгаснати од дождот што вчеравечер паѓаше во Кумановско, вели директорот на ЈП Македонски шуми – Шумско Стопанство Куманово, Ваит Саити./МЕТА

Слични содржини