Иако денешните обврски ги одведоа лидерите Груевски и Заев во различни делови од земјата, едниот во Гевгелија, другиот во Охрид, разговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат на сите нивоа. Партиски извори велат дека уште утре може да излезат пред јавноста за да соопштат дали се договориле или не, а може да помине и цела недела. Сите информации за денот кога Груевски би се повлекол од премиерската функција како и бројот на министерства или супервизиски позиции што би ги добила опозицијата, се сметаат за шпекулативни.

sudska_sredba_0

ДУИ очекува лидерската средба да биде во понеделник и потенцира дека до сега немало разговори околу прашањето за името, но тоа се отвора автоматски во делот за евро-интеграции на земјата. Разговорите, кои последнава недела се водат само меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, траат речиси еден месец подолго од предвиденото. Според договорот од Пржино, требаше да завршат до 10 јуни со формирање Влада која ќе ги организира изборите. Аналитичарите предупредуваат дека тоа може да значи и пролонгирање на терминот за вонредни избори.Тие  потсетуваат дека е неопходно одделување на партијата од државата, осамостојување на судството, не само промена на Јавниот обвинител, и слободно изразување на  медиумите.

Повеќе на Телма

 

 

Слични содржини