Во тек се консултации за избор на нови министри, одговори на прашање на Телма премиерот Емил Димитриев. Засега нема најави од ВМРО-ДПМНЕ за промени на министерскиот состав од редот на таа партија. Во одговорот на прашањата на Телма се вели:

Emil-Dimitriev-3

-Премиерот Емил Димитриев ги прифати оставките на министрите од ДУИ и согласно процедурата тие се испратени до Собранието на Македонија. Право на политичката партија ДУИ е кои лица ќе ги повлече од позициите за министри и кои лица ќе ги определи и достави како предлози за избор на министри и, за овој процес се во тек консултации.

Играта со ДУИ- Изборите ќе бидат погреб на остатоците од демократска Македонија

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Владата нема пристигнато најави или информација за промени на министрите од редовите на партијата и коалицијата за Подобра Македонија која ја предводи.

Повеќе ТУКА

Слични содржини