Изборот на новиот состав на ДИК е заглавен откако вчера партиите не успеаја да се договорат ниту за тоа кои ќе бидат тројцата независни експерти што треба да бидат во составот на комисијата што е во согласност со новите измени на изборниот законик-јави 24 Вести.
Рокот за постигнување договор беше до вчера кога координаторите на пратеничките групи требаше да излезат со трите имиња, а за денеска собраниската комисија за избори и именување требаше да ги утврди и новите членови.
(ВИДЕО) Работата треба да продолжи!- Брисел не сака да го коментира предлогот за медиумите на Ванхауте
Партиски извори за 24 Вести информираат дека по вчерашниот неуспех, координаторите единствено се договориле тројцата членови да бидат усогласени на, како што велат, повисоко ниво со помош на меѓународно посредство. Инаку на јавниот оглас што го распиша Собранието беа пријавени 40 кандидати.
Повеќе ТУКА